• вторник, 24 декември 2024

УЕФА ги негира информациите за можно скратување на квалификациите за еврокуповите во новата сезона

УЕФА ги негира информациите за можно скратување на квалификациите за еврокуповите во новата сезона
Нион, 12 мај 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација ги демантира информациите на британскиот весник „Тајмс“ за евентуално намалување на квалификациските рунди за Лигата на шампионите и Лигата на Европа во сезоната 2020/2021 година. Вчера „Тајмс“ објави вест дека УЕФА ја испитува можноста за намалување на квалификациските рунди и можноста за нивно целосно откажување. Ситуацијата е под влијание на забраните за натпревари на одделни влади, на пример во Франција и Холандија, фудбалски натпревари не може да се играат порано од септември. - УЕФА никогаш не размислувала да им го одземе на победниците од националните шампиони правото да се обидат да влезат во групната фаза во Лигата на шампионите благодарение на резултатите од теренот. УЕФА во моментов ја следи состојбата и евентуалното влијание врз формата на квалификациските рунди за клупските турнири следната година. До денес, не се развиени специфични опции за квалификациски формат за европските клупски турнири, се вели во соопштението. Конечните фази од Лигата на шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2019/2020 беа прекинати во март поради пандемијата на коронавирус. зс/

Остани поврзан