Ембид исклучен поради расправија со жена судија (видео)
- Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид заработи исклучувачка грешка поради расправија со жена судија ноќеска на натпреварот со Сан Антонио спарс во НБА-лигата.
Филаделфија, 24 декември 2024 (МИА) – Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид заработи исклучувачка грешка поради расправија со жена судија ноќеска на натпреварот со Сан Антонио спарс во НБА-лигата.
Кон крајот на втората четвртина, лидерот на Филаделфија доби прекршок во нападот по контактот со Виктор Вембањама. Ембид беше незадоволен од свирежот и започна расправија, поради што набрзина добил две технички грешки од судијката Џена Шредер.
Џоел на крајот мораше да биде смирен од неколку соиграчи и тренери.
Претходно во втората четвртина, уште еден центар на 76-ките, Андре Драмонд, беше исфрлен од Шредер поради туркање на Вембањама. По прегледувањето на репризата, втората одлука беше поништена и Французинот доби техничка за симулација. Андре се врати од соблекувалната и ја продолжи играта.
Сиксерси успеаја да победат со резултат 111:106. Ембид се врати на теренот по последната сирена и го прослави својот успех со соиграчите, но не комуницираше со новинарите. зс/
Фото: ЕПА