• петок, 17 мај 2024

Тухел: Честитки за Баер, трката за титулата е завршена

Тухел: Честитки за Баер, трката за титулата е завршена

Минхен, 31 март 2024 (МИА) - Тренерот на Баерн, Томас Тухел изјави дека трката за шампионската титула во тековната сезона од германскиот шампионат е завршена.

- Честитки до Баер за шампионската титула. Трката за титулата е завршена, изјави Тухел.

Вчера Баерн загуби во Минхен од Борусија Дортмунд (0:2) во 27. коло во Бундеслигата, а Баер Леверкузен го совлада Хофенхајм (2:1).

Клубот од Леверкузен е на првото место во поредокот со 73 бодови. Баерн Минхен е на второто место со 60 бодови. До крајот на шампионатот остануваат уште седум кола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан