• недела, 30 јуни 2024

Тухел кандидат да го замени Тен Хаг

Тухел кандидат да го замени Тен Хаг

Лондон, 29 јануари 2024 (МИА) – Тренерот на Баерн, Томас Тухел, би можел да го предводи Манчестер Јунајтед доколку го напушти бундеслигашот од Минхен.

Според „The ​​Telegraph“, германскиот фудбалски стручњак се разгледува како една од опциите за замена на Ерик тен Хаг. Тој е во потесниот избор на раководството на премиерлигашот.

Се очекува на крајот на сезоната новите косопственици на Манчестер Јунајтед да донесат одлука околу иднината на актуелниот тренер на тимот.

Самиот Тухел е подготвен да се врати во Англија (работеше со Челзи), доколку добие отказ од Баерн. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан