• петок, 28 јуни 2024

Тухел за отказот на Нагелсман: Разбирам како се чувствува Jулијан, два пати бев во таква ситуација

Тухел за отказот на Нагелсман: Разбирам како се чувствува Jулијан, два пати бев во таква ситуација

Минхен, 2 април 2023 (МИА) – Тренерот на Баерн, Томас Тухел го поддржа Јулијан Нагелсман кој доби отказ од Баварците.

 

- Разбирам како се чувствува Јулијан во моментов. Самиот двапати сум бил во ваква ситуација. Не дека причината за моите откази од двата претходни клуба (ПСЖ и Челзи) беше во мене. Таков е животот на тренерот. Ќе се обидеме успешно да ја завршиме сезоната, исто така за доброто на Јулијан и неговиот штаб, изјави тренерот на Баерн во интервју за ЗДФ.

 

Нагелсман беше отпуштен од клубот од Минхен на крајот на март, по што Тухел го презеде тимот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан