• сабота, 27 април 2024

Три бронзи за македонските каратисти на Балканското првенство за деца

Три бронзи за македонските каратисти на Балканското првенство за деца

Бар, 28 мај 2023 (МИА) – Три бронзени медали освоија македонските натпреварувачи на првиот ден од Балканското првенство во карате за деца кое овој викенд се одржува во црногорскиот град Бар.

Со бронзени одличја се закитија Мила Николова во борби во категоријата над 50 килограми, како и Тодор Сутинов и Верон Дервиши во кати.

Ова е најмасовно детско Балканско првенство во карате во историјата со преку 2.000 учесници (натпреварувачи, судии, тренери и официјални лица). ег/вј/

 Фото: КФМ

Остани поврзан