• вторник, 02 јули 2024

Триесетина штипски фирми добија дозволи за поставување на фотонапонски панели на покривните конструкции

Триесетина штипски фирми добија дозволи за поставување на фотонапонски панели на покривните конструкции
Штип, 5 ноември 2022 (МИА) - Триесет штипски компании побарале дозволи од Општината за поставување на фотонапонски централи на нивните покривни конструкции, говорат податоците на Одделението за урбанизам, потенцира за МИА раководителот, Лазар Хаџи-Николов. Овие податоците се до моментот кога компаниите имаа обврска да достават барање до општините. Стопанствениците потврдуваат дека е голем интересот за производство и продажба на струја од соларните централи. Стопанственикот Кирил Нашков вели дека високата  цена на струјата, ги принудила да инвестираат во вакви централи на покривите на објектите. Тој посочи дека тоа се гледа и на објектите во индустриската зона, односно кругот на поранешен „Астибо“, каде што нема објект без фотонапонски панели. - Таа инвестиција ќе треба време за да се врати. Се зависи од цената на струјата. Бевме доведени во ситуација да мораме да поставиме, инаку другата опција беше за месец два или три, да се затвори фирмата. Тоа беше состојбата кај повеќето фирми. Толку беше фрапантен тој скок на цените, вели Нашков. Ако до пред извесен период во земјава имало само неколку фирми за поставување на фотонапонски централи, сега состојбата е сменета и на бизнис секторот секојдневно му пристигнуваат вакви понуди. Енергетската криза предизвика Владата да го олесни постапките за поставување на фотонапонски централи. Хаџи-Николов раководител на оддел за урбанизам во Општина Штип вели дека една од нив е и новата измена во Законот за градење, со којашто на компаниите кои се од лесната незагадувачка индустрија им се овозможува да легализираат објекти или дел од нив доколку се со статус на дивоградба. Хаџи-Николов појаснува според измените на Законот за градење донесени пред 10 денови, во овие објекти треба да се стопанисува со лесна незагадувачка индустрија и да се наоѓаат на земјиште кое согласно урбанистичката планска документација. - Можат да поднесат барање за добивање на одобрение за градење за бесправно изградениот објект, со тоа што ова барање можат да го поднесат во рок од три месеци. Меѓутоа, ваквите субјекти, односно баратели, ќе имаат обврска во рок од една година, на своите кровови да постават фотонапонски панели. Доколку по истекот на една година се утврди дека не се поставени фотонапонските панели, одобрението ќе биде поништено, вели Хаџи Николов. Помал е интересот за поставување на фотонапонски централи  на земјиште. Општина Штип има  издадено дваесетина одобренија, најчесто на земјиште во приватна сопственост. вдј/сп/

Остани поврзан