• среда, 26 јуни 2024

Тренерот на младинците ќе го води Јувентус до крајот на тековната сезона

Тренерот на младинците ќе го води Јувентус до крајот на тековната сезона

Торино, 19 мај 2024 (МИА) - Тренерот на тимот на Јувентус до 21 година, Паоло Монтеро ќе го предводи сениорскиот тим до крајот на сезоната, објави клубот од Торино на својот официјален сајт.

Педесет и двегодишниот Уругваец ќе го претставува тимот на натпреварите против Болоња и Монца.

Досегашниот тренер Масимилијано Алегри пред два дена доби отказ и покрај освоениот трофеј во Купот на Италија.

Алегри беше на чело на Јувентус од мај 2021 година. Под негово водство тимот освои 80 победи, 34 пати ремизираше и претрпе 35 порази.

На две кола пред крајот на сезоната во Серија А, Јувентус е на четвртото место со 67 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан