• четврток, 27 јуни 2024

Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент

Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент

Хјустон, 26 јуни 2024 (МИА) - Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент, пишуваат американските медиуми.

Според доверливиот НБА инсајдер, Адријан Војнаровски, франшизата од Тексас на секој начин се обидува да ја донесе ѕвездата на Феникс ова лето.

Откако Микел Бриџис беше разменет од Бруклин во Њујорк, франшизата од Тексас ги стекна правата за идните избори на Феникс. И, тој ќе се обиде да ја искористи својата силна преговарачка моќ за да го доведе Дурент, кој е под договор на уште две сезони додека не стане незаштитен слободен агент во 2026 година.

Планот е Рокетс да го отстапат својот избор од првата рунда во 2026 година во корист на Санс. дс

Фото: Архива

Остани поврзан