• среда, 01 мај 2024

Традиционален Гала оперски концерт по повод Василица на 12 и 13 јануари 2024 во Националната опера и балет

Традиционален Гала оперски концерт по повод  Василица на 12 и 13 јануари 2024 во Националната опера и балет

Скопје, 2 јануари 2024 (МИА) - По повод празникот Василица на 12 и 13 јануари во Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт. Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В.А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други.

Националната опера и балет го востанови овој концерт во 1995 година. Концерот низ годините потоа стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Под диригентство на гостинот од Канада, Клод Лапалм, добитник на голем број престижни награди и признанија, а во режија на Дејан Прошев, ќе настапат оперските солисти: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет.

Концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Евтимова.

Билетите се пуштени во продажба на нашата билетарница и онлајн. мч/аа/

фото: НОБ

Остани поврзан