• петок, 26 април 2024

Тошковски: Распоредувањето на кадри во Одделот за сузбивање на организиран криминал треба да се врши согласно мерит системот

Тошковски: Распоредувањето на кадри во Одделот за сузбивање на организиран криминал треба да се врши согласно мерит системот

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи каде остварил работен состанок со поширокото раководство.

Како што соопштија од МВР, на состанокот Тошковски бил запознат со делокругот на работа и со тековните активности и во тој дел бил информиран дека е извршено мапирање на критичните места за евентуални изборни нерегуларности, а биле посочени и определени предизвици со кои се соочуваат од аспект на формално-правната поставеност на Одделот, систематизацијата на работните места и организациската поставеност на единиците.

- Можам да констатирам дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал согласно спецификите на работата која ја извршува треба да биде организациска единица каде работат најдобрите и најискусни полициски службеници и распоредувањето на кадри треба да се врши исклучиво согласно мерит систем, а не било каква припадност и во таа насока во наредниот период треба да се направи кадровско реструктуирање според однапред определени објективизирани критериуми, истакнал техничкиот министер Тошковски. цр/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан