• недела, 30 јуни 2024

Тим ги откажа настапите на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами

Тим ги откажа настапите на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами
Индијан Велс, 7 март 2022 (МИА) – Австрискиот тенисер Доминик Тим објави дека ќе ги пропушти американските Мастерси кои ќе се одржат овој месец. - Добро тренирав неколку недели. Зглобот е во ред, раката е сè подобра и подобра, но сепак решив да се повлечам од Индијан Велс и Мајами за да започнам на земјена подлога. Ова е сè уште најудобната површина за мене, па мислам дека е најдобро да се започне од таму. Би сакал да играм во САД и им се извинувам на моите фанови. Последен пат кога играв овде во Индијан Велс, го освоив турнирот, така што сакам да играм во САД и со нетрпение очекувам да се вратам наскоро, објави Тим. Австриецот кој во моментов е 50. на АТП ранг-листата, се нема натпреварувано од минатиот јуни, кога го повреди зглобот на турнирот во Мајорка. Тим сакаше да се врати во февруари на турнирите на земјена подлога во Латинска Америка, но заработи повреда на дланката. зс/

Остани поврзан