• понеделник, 15 декември 2025

Тешко повредено 11 годишно дете на експресниот пат Дреново - Градско

Тешко повредено 11 годишно дете  на експресниот пат Дреново - Градско

Велес, 14 јули 2025 (МИА) - Во СВР Велес вчера околу 13:30 часот било пријавено дека на експресниот пат Дреново-Градско, пред приклучокот за автопатот А1, Градско-Велес, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27 годишниот  Н.Р. од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово, додека со повреди се здобиле возачот и другиот сопатник М.Р.(18) од Куманово, констатирани во Општата болница во Велес,информира попладнево од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска.

Воедно извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес.

Како што информираат  од ОЈО Велес, јавниот обвинител издал наредба за вршење технички преглед на возилото и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од местото на настанот биле подигнати биолошки и други траги заради натамошно постапување.

Како што информира за МИА, од ЈЗУ Општа болница Велес, портпаролот д -р Ванчо Граматов сите тројца повредени со возило на Итна помош биле донесени во Ургентниот центар на Општа болница Велес. Поради сериозноста на повредите, двајцата од нив било итно пренесени во Клиничкиот центар во „Скопје“. Повреденото 11-годишно дете било пренесено во критична состојба.ад/

Фото: МИА архива

Остани поврзан