• понеделник, 23 декември 2024

Тела на загинати украински војници од Доњецк предадени на Киев

Тела на загинати украински војници од Доњецк предадени на Киев

Киев, 2 август 2024 (МИА) - Русија ги предаде телата на 250 украински војници кои загинаа во борбите во силно оспоруваниот источен регион на земјата, соопштија денеска властите во Киев, пренесува ДПА.

Војниците биле убиени во Бахмут, Маринка, Авдијивка, Мариупол и на други места во украинскиот регион Доњецк, окупиран од Русија, соопшти Координативниот штаб за третман на воените заробеници.

Трансферот бил извршен со помош на организации како Меѓународниот црвен крст, соопшти Штабот во објава на апликацијата Телеграм.

Откако телата ќе бидат идентификувани, ќе бидат предадени на роднините заради погребување. Не е соопштено дали руската страна исто така добила тела на свои војници.

Украина се брани од целосна руска инвазија повеќе од две години. ссм/

фото: архива

Остани поврзан