• понеделник, 23 декември 2024

Таравари на средба во СКСЗМ, бизнисот му порача дека од партиите бара решавање на проблемите

Таравари на средба во СКСЗМ, бизнисот му порача дека од партиите бара решавање на проблемите

Скопје, 8 април 2024 (МИА) - Минималната плата да се зголеми на 30 000 денари, а Владата да ги намали придонесите на 32 отсто. Да се решат и проблемите со миграцијата, одливот на работна сила, сивата економија, корупцијата, како и со владеењето на правото. Ова се барањата на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) кои денеска му беа предочени на претседателскиот кандидат од албанската опозиција Арбен Таравари.

Една од темите беше и слободниот пазар. Членките на Комората уште еднаш укажаа дека се против замрзнување на цените.

-Проблемите на бизнисот кои веќе ги дефиниравме, настојуваме да ги вметнеме во програмите на партиите. Веруваме, а и ни ветија дека тоа ќе го сторат. Ние не сме ниту со едните, ниту со другите и ќе продолжиме да бидеме гласни, изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.

-Ќе разговараме главно за економскиот развој, за визијата на Комората за работната сила која се повеќе недостасува во Македонија. Комората има економски манифест кој ни беше даден пред неколку недели. Нешто од тоа ние веќе имаме инкорпорирано во нашата Програма. Во мојата Програмата фокусот е ставен на иновација и енергетика, како и на некаков договор, консензус меѓу политичките партии што би го иницирал претседателот на државата, а би го поддржале сите, за економски развој на државата. Ќе ги слушнеме барањата и идеите на бизнис секторот, за ако можеме нешто од тоа да вметнеме во Програмата за парламентарните избори, рече Таравари пред состанокот што го организираше СКСЗМ. мч/аа/

фото: МИА

 

 

Остани поврзан