• петок, 22 ноември 2024

Талибанците разговарале за „размена“ на затвореници со Вашингтон

Талибанците разговарале за „размена“ на затвореници со Вашингтон

Кабул, 3 јули 2024 (МИА) - Портпаролот на владејачките талибанци во Авганистан изјави дека двајца Американци се приведени во земјата и дека Кабул разговарал за нивната „размена“ за Авганистанците затворени во американскиот притвор во Гвантанамо, пренесоа француските медиуми. 

-Треба да можеме да ги ослободиме нашите граѓани за возврат, бидејќи американските граѓани се важни за нив (САД) исто како што Авганистанците се важни за нас, рече портпаролот, Забиула Муџахид на прес-конференција.

За размената беше разговарано за време на состанокот организиран од Обединетите нации во Катар. Меѓународната конференција заврши во понеделникот, наведе БТА. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан