• понеделник, 07 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рама по трагичната вест за тројцата американски војници: Албанија секогаш стои до САД

Рама по трагичната вест за тројцата американски војници: Албанија секогаш стои до САД

Тирана, 31 март 2025 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама вечерва реагираше по трагичната вест дека во Литванија се пронајдени телата на тројца исчезнати американски војници.

Во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека „молитвите и мислите се со семејствата на жртвите“ и додава дека „Албанија како и секогаш стои покрај САД“.

„Трагични вести од Литванија. Загубата на американските војници за време на неодамнешната воена вежба е болен потсетник за ризиците што ги преземаат оние што служат во армија. Нашите мисли и молитви се со нивните семејства. Како и секогаш, Албанија стои до Соединетите Американски Држави и нивниот врховен командант“, напиша Рама. вт/
 

Остани поврзан