• среда, 01 јануари 2025

Талибанците им наредиле на невладините организации во Авганистан да престанат да вработуваат жени

Талибанците им наредиле на невладините организации во Авганистан да престанат да вработуваат жени

Кабул, 30 декември 2024 (МИА) - Талибанците во Авганистан објавија дека ќе ја забранат работата на сите домашни и странски невладини организации (НВО) доколку продолжат да вработуваат жени.

Во писмото објавено на Х, Министерството за економија предупреди дека непочитувањето на најновата наредба ќе резултира со губење на дозволата за работа во Авганистан на тие невладини организации.

Министерството соопшти дека има надлежност да ги регистрира, координира, раководи и надгледува сите активности што ги вршат домашни и странски организации.

Владата нареди суспензија на целата работа на жените во институциите што не се под контрола на талибанците. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан