• понеделник, 15 декември 2025

Схинас по средбата со Маричиќ: Северна Македонија веќе презеде големи чекори кон ЕУ, зграпчете го моментумот и продолжете со реформите 

Схинас по средбата со Маричиќ: Северна Македонија веќе презеде големи чекори кон ЕУ, зграпчете го моментумот и продолжете со реформите 

Брисел, 6 декември 2023 (МИА) – Северна Македонија веќе презеде големи чекори кон пристапувањето во ЕУ, објави попладнево на платформата Икс потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за промоција на европскиот начин на живеење Маргаритис Схинас по средбата со вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач на земјава со Европската Унија, Бојан Маричиќ. 

- Ги охрабруваме нашите пријатели во Скопје да го зграпчат моментумот и да продолжат со клучните реформи, со фокус на уставните измени и владеењето на правото, наведе Схинас во објавата.

Маричиќ од своја страна по средбата на Фејсбук објави дека поддршката која ја добиваме од нашите стратешки партнери од Европската Комисија е најсилната страна на нашата соработка.

- Во овој момент фокусот е на одговорноста за усвојувањето на уставните измени, спроведувањето на реформите и подготовката за успешно реализирање на Планот за раст. Европското семејство дава силна поддршка за следните чекори на Северна Македонија со повеќекратни придобивки за сите граѓани, наведе Маричиќ во објавата. сп/са/

Фото: Икс/Фејсбук

Остани поврзан