• сабота, 21 декември 2024

Судот го одби барањето на Бред Пит за старателство

Судот го одби барањето на Бред Пит за старателство
Лос Анџелес, 29 октомври 2021 (МИА)Врховниот суд на Калифорнија го одби барањето на Бред Пит во неговата битка со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, за старателство над нивните деца. Со тоа, судот ја потврди одлуката на пониските правосудни инстанци. Врховниот суд ја донесе својата одлука без дополнително објаснување. Џоли, инаку, е во Лондон со пет од нејзините деца, заради гала-премиерата на нејзиниот најнов филм „Вечните“. Филмот пристигнува во кината на 5 ноември. Адвокатот на Џоли, Роберт Олсон за „Ју-ес-еј тудеј“ изјави дека неговата клиентка ја поздравува одлуката на судот.  си/сд/

Остани поврзан