Студентите во блокада во Србија најавија голем протест на 28 декември
- „Време е да се вклучиме и да се поврземе, бидејќи само заедно можеме да прогласиме победа. На 28 декември ќе се видиме низ цела Србија“, наведоа студентите во соопштението на Инстаграм.
Белград, 2 декември 2025 (МИА) - Студентите во блокада најавија протести низ цела Србија за 28 декември.
„Време е да се вклучиме и да се поврземе, бидејќи само заедно можеме да прогласиме победа. На 28 декември ќе се видиме низ цела Србија“, наведоа студентите во соопштението на Инстаграм.
Засега е познат само датумот - 28 декември, но не и каде и какви собири ќе бидат организирани. зш/ми/