• вторник, 02 јули 2024

Странски менаџери во Универзитетската клиничка болница во Тирана, најави премиерот Рама по скандалот во клиниката за онкологија

Странски менаџери во Универзитетската клиничка болница во Тирана, најави премиерот Рама по скандалот во клиниката за онкологија

Тирана, 1 јули 2024 (МИА) - Во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза" во Тирана ќе биде ангажира група странски менаџери, најави премиерот Еди Рама, додавајќи дека тие одблиску ќе му помагаат на новиот прв човек на болницата.

На овој начин, им порача на директорите на клиниките,  на денешната средба „гарантираме што е можно подобро наскоро отворање на долгоочекуваното поглавје за автономија на болниците, кое овој центар ќе мора да го има и кое на сите ќе им даде флексибилност да награди секого според заслугите“.

Средбата следува по скандалот во клиниката за онкологија, во кој лекари упатувале болни со канцер во приватни болници, каде биле хонорарно ангажирани,  ги упатувале медикаменти да набавуваат во аптеки, каде лековите биле нелегално увезувани и на тоа заработувале, а вон употреба биле оставени и соодветни апарати. 

Рама го осуди овој случај и наведе уште еден кога на пациент заразен со  Ковид-19 лекар му земал 8 милиони леки, но нагласи дека "ништо не ја побива трансформацијата направена во здравствен систем".

- Тука сум да кажам и дека криминалната активност на таа група, не може да го отфрли нашиот обид да ја трансформираме Клиничката болница од сиромашен кварт како што ја најдовме, во систем на функционални служби. Она што се случува нè прави посвесни за работите што допрва треба да се направат. Местото на радикалната трансформација на центарот  и услугата за 3500 луѓе кои доаѓаат овде секое утро не може да биде засенато со нечовечко однесување на овие поединци, порача Рама.

Според премиерот, во последните 10 години во Центарот се инвестирани 100 милиони евра и ги потсети лекарите дека „платите денес им се многу повисоки, а условите за работа се неспоредливо подобри“. вт/

 

Остани поврзан