• сабота, 21 декември 2024

Стоилковиќ и Николовски на средба министерот Мали за зајакнување на економските врски на Македонија и Србија и Експо2027

Стоилковиќ и Николовски на средба министерот Мали за зајакнување на економските врски на Македонија и Србија и Експо2027

Белград, 5 септември 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во рамки на официјалната посета на Белград, Република Србија, денеска остварија работна средба со потпретседателот на Владата и министер за финансии, Синиша Мали, јави дописникот на МИА од Белград. 

Зајакнување на економските и трговските врски меѓу двете земји беа фокус во разговорите, при што акцент се стави на унапредување на условите за пристап на пазарите, создавање на подобри услови за компаниите како и можностите за содавање на единствен пазар меѓу земјите од Западен Балкан.

Македонија е целосно фокусирана на олеснување на трговијата и транспортот меѓу земјите од Западен Блакан, потенцираа од македонската делегација притоа нагласувајќи ја потребата од преземање на нови заеднички политики за подобрување на регионалната трговија.

На средбата се разговараше и за иницијативите и мерките во рамки на Отворен Балкан каде и двете страни се согласија дека е потребно да се унапредат политиките со цел ослеснување на движењата на добра и услуги. 

Мали, Стоилковиќ и Николоски посебно се осврнаа на организацијата на специјализираната изложба EXPO 2027, а министерот за финансии ја покани Северна Македонија да учествува. Тој ги покани своите гости да го посетат градилиштето каде до 2027 година ќе биде изграден комплекс во кој ќе бидат претставени повеќе од 120 земји.

- На средбата го отвривме и прашањето за учеството на македоснкото стопанство прво како испомош за градењето на Експо 2027 и втора точка беше учесто и преставување на македоското стопанство на Белград Експо 2027 како шанса за развој и на македонското стопанствво, како и на целокупниот регион, изјави вицепремеирот Стоилковиќ.

Тој додаде дека ќе се разговара со Стопанската комора на Македонија од каде би се изнашле компании кои можат да дадат допринос во изградбата на Експо 2027 г.

Заменик претседателот и министер за транспорт Николоски истакна дека Владата има силна заложба за зацврстување на регионалната економија преку содавање на нова модерна и квалитетна инфраструктура која ќе ја засили конкурентската позиција на транспортните кроидори во регионот. 

Тој потенцираше дека Македонија е силно фокусирана на изградба на брза пруга и приклучување на брзата пруга на европскиот коридор 10, како предуслов за брз транспорт на стока и патници меѓу земјите во регионот. Во тој контекст се нагласи потребата од заеднички активности за доизградба на брза пруга на потег Белград-Ниш – Табановце - Скопје. 

Економската соработка меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, заклучија и двете страни притоа согласувјаќи се дека и во наредниот период двете влади преку заеднички мерки и политики ќе работат на создавање на подобри услови за граѓаните и компаниите од двете земји. об/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан