• понеделник, 23 декември 2024

Стогодишниците и „Сините зони“ - научна грешка и статистички фалсификат

Стогодишниците и „Сините зони“ - научна грешка и статистички фалсификат

Бостон, 19 септември 2024 (МИА) - Пред пет години, британскиот научник Сол Њуман објави научен труд за таканаречените „сини зони“ - места каде што наводно луѓето водат „неверојатно долг и здрав живот“, како што се јапонскиот остров Окинава и Сардинија кај Италија. Самиот д-р Њуман сега признава дека голем дел од сѐ тоа било лага.

Но, д-р Њуман, кој во тоа време е постдокторски соработник на Австралискиот национален универзитет во Канбера, не го открива „тајниот еликсир“ на човечката долговечност. Негов е и последователниот заклучок дека „сините зони“ всушност не постојат. Имено, според новите сознанија и критичките научни погледи, лошото водење битни статистички податоци на многу од споменатите места - како што се раѓањата и смртните случаи, ги поткопало тие истражувања и наведената наводна долговечност, пишува „Њујорк тајмс“ (New York Times).

Уште повеќе, Њуман денеска е еден од 10-те поединци и тимови кои ја добија „Иг-Нобеловата награда“ за најсмешните научни откритија на Технолошкиот институт во Масачусетс (близу Бостон, САД). Доделувањето на одличијата „Иг Нобел“ (т.е. „антинобеловите“ награди) е основано во 1991 година, од Марк Абрамс - уредник на списанието „Аналс оф импробабл рисрч“ (Annals of Improbable Research). Тие се доделуваат за достигнувања што „прво ќе ги насмеат луѓето, а потоа ги тераат да размислуваат“ за научната (не)употребливост на новите откритија.

@depthsofwikipedia

i am not an expert in this field fyi

♬ original sound - Annie Rauwerda

Меѓу другите победници оваа година е и 10-годишното истрражување на американскиот психолог Бурхус Фредерик Скинер, кој почина во 1990 година - за тоа дали гулабите можат да носат ракети во стилот на камикази (американската војска мисли дека можат). Неговата ќерка Џули Скинер Варгас ја прифати наградата во негово име и рече дека е олеснување што неговиот најважен придонес во науката конечно е признаен.

Спроведено било и истражување за тоа дали влакната на главата на луѓето родени на северната хемисфера се виткаат во иста насока како кај оние родени во јужната половина на планетата. Одговорот е: Не.

Наградите - проѕирни кутии за кои се вели дека е „речиси невозможно да се отворат“ и банкнота од 10 милијјарди зимбабвиски долари, беа доделени од вистински нобеловци, меѓу кои и Абхиџит Банерџи и Естер Дуфло. Темата на свеченоста беше мини-опера за „Марфиевиот закон“, којшто вели дека сè што може да тргне наопаку, ќе тргне.

Добитниците на наградата излегоа на сцената и се ракуваа со еден од петте нобеловци, а потоа одржаа краток говор. Ако зборуваат предолго, ќе излезе дете на сцената и ќе рече: „досадно ми е“, по што победникот треба да побрза.

Д-р Њуман се појави во црн костум, роденденска капа и балони. Во говорот по повод наградата, тој рецитираше песна за митовите за долгите животи, во согласност со неговото истражување.

- Тајните се урнаа кога ги проверив владините книги. „Сините зони“ се во воздух, записи веќе нема, а 100-годишниците, сите се измамници, изјави тој пред преполната сала. - Се чини, „тајната“ на долгиот живот е да се преселиш таму каде што изводите од матичната книга на родените се реткост, да ги научиш своите деца на пензиски измами и да почнеш да лажеш, заклучи тој.

И покрај комичната природа на настанот, Њуман смета дека „Иг Нобел“ всушност „ќе го отежне игнорирањето на неговото истражување“, и многумина нема да дознаат дека многу од најстарите луѓе во светот не се толку стари, како што мислат луѓето.

- Тие често се „живи“ само на хартија, а мртви во реалноста, но бирократската машина тоа не го зема предвид... Претставете си 89-годишна жена и 119-годишна жена. Која прва ќе стигне до весникот? Истото важи и за научните откритија, појасни научникот.

Имено, по анализата на 80 отсто од сите документирани „суперстогодишници“ - луѓе кои живеат до 110 години, во поголемиот дел од податоците за 20-от и 21-от век, „шокантната количина на витални статистики се лажни или измислени“, според Њуман. Но, занимливо е што многу организации, национални влади и научници сè уште се потпираат на тие податоци.

Истражувачот рече дека тоа може да предизвика „целосна имплозија“ во демографските научни истражувања. Така, заради „избегнување лоши вести“, вистината се крие, според заклучокот на д-р Њуман.  си/ссм/

Фото: Универзитет на Лондон

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан