• петок, 22 ноември 2024

Стевчо Јакимовски пред охриѓани ги презентираше 17-те точки од предизборната програма

Стевчо Јакимовски пред охриѓани ги презентираше 17-те точки од предизборната програма

Охрид, 17 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, денеска оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори.

Дополнително Јакимовски нагласи дека охридско-струшкиот регион, како главна туристичка дестинација во земјата, мора да добие сеопфатна поддршка од институциите и од Претседателот на државата за развој на туризмот, особено на високиот туризам и искористување на сите потенцијали што ги имаат и регионот, но и целата држава.

-Треба да го направиме автопатот од Свети Стефан до Свети Наум, треба да видиме како можеме да се поврземе со Ресен, треба да направиме тунел под Галичица, треба да направиме мастер-план за Галичица, значи летото да го поврземе со зимата. Тоа се мастер-плановите коишто треба да ги предлага и да ги иницира еден претседател на држава, рече Јакомовски. аб/лв/

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан