• петок, 22 ноември 2024

Стано: Со заканите со нуклеарно оружје Путин се обидува да ја префрли одговорноста за војната

Стано: Со заканите со нуклеарно оружје Путин се обидува да ја префрли одговорноста за војната

Брисел, 29 февруари 2024 (МИА) - Заканите за употреба на нуклеарно оружје упатени од страна на рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до јавноста се апсолутно неприфатливи и несоодветни, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. 

- Тоа е уште еден од многуте пример како Путин се обидува да ја префрли одговорноста за војната што ја почна во Украина и за нестабилноста што ја предизвика во Украина и во регионот. Тоа е уште една можност за него да ги шири добро познатите лаги и измами, истакна Стано во коментар на ставот на Путин искажан во денешното обраќање до руската јавност дека е можна нуклеарна војна доколку земјите од НАТО воено интервенираат во конфликтот во Украина.

Стано нагласи дека Путин ја започна војната во Украина и затоа тој е одговорен за сите последици од неа и на внатрешен план во Русија, но и во Украина и на глобално ниво. 

Според Стано, на денешното обраќање на Путин треба да се гледа во контекст на претстојните претседателски избори во Русија и неговите напори да биде реизбран на функцијата.

- Обраќањето накусо може да се сумира на тоа дека тој го залажува народот, кој живее под железна тупаница како во времето на сталинизмот. Армијата е во катастрофална состојба, економијата е блокирана, кредибилитетот на земјата е целосно уништен и неговите досегашни напори за уништување на Украина се неуспешни, заклучи Стано. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан