• четврток, 25 јули 2024

Средба Путин - Асад во Москва

Средба Путин - Асад во Москва

Москва, 25 јули 2024 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера го прими сирискиот колега Башар ал Асад, соопшти денеска Кремљ.

- Многу ме интересира вашето мислење за тоа како се развива ситуацијата во регионот. За жал, постои тенденција на ескалација, тоа го гледаме. Тоа, исто така, директно се однесува и на Сирија, истакна Путин.

Путин и Асад претходно се сретнаа во март 2023 година во Москва на 12-годишнината од бунтот во Сирија што прерасна во граѓанска војна. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан