• четврток, 26 декември 2024

Литванија развива план за евакуација

Литванија развива план за евакуација

Вилнус, 25 јули 2024 (МИА) – Литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотајте денеска со претставници на министерствата за национална одбрана и комуникации, Националниот центар за управување со кризи и други засегнати институции разговараше за масовна евакуација на населението во случај на воено сценарио.

Според неа, договорени се одговорностите и задачите на институциите во подготовка за евакуација на жителите, а во моментов се чекаат конкретни податоци за капацитетите и потребите од општините, јави литванската телевизија ЛРТ.

Министерството за внатрешни работи на земјата на почетокот на јули испрати писмено барање до локалните самоуправи во врска со евакуацијата и побара од нив да ја проценат можноста и неопходноста од нејзино спроведување во рок од месец и половина. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан