• среда, 03 јули 2024

Средба на директорот на ЕСМ, Ковачевски со потпретседателката на ЕИБ, Лилијана Павлова

Средба на директорот на ЕСМ, Ковачевски со потпретседателката на ЕИБ, Лилијана Павлова

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Енергетските капацитети на АД ЕСМ, завршените проекти во изминатите три години и планираните идни проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија беа претставени на денешната работна средба на генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски со потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Лилјана Павлова.

Директорот Ковачевски, посочуваат од ЕСМ, на средбата порача дека за нас во период на енергетска криза и енергетска трансформација, од големо значење е поддршката од ЕИБ и другите пријателски земји кои веќе го имаат поминато патот на замена на енергетските капацитети и нивно преориентирање кон почисти извори.

-На средбата се разговараше и за справувањето со енергетската криза и потешкотиите со кои се соочивме како земја во услови на криза и токму затоа е од особена важност транзицијата кон обновливи извори на енергија и енергетската независност на нашата земја, соопшти ЕСМ.

Од ЕСМ истакнуваат дека ЕИБ е наклонета кон давање поддршка во секторот енергетика, особено во делот на обновливите извори на енергија и оти искажале особен интерес за преминувањето на нашата земја кон обновливи извори на енергија, истакнувајќи го искуството на други земји од регионот во енергетската трансформација.вј/са/

Фото: ЕСМ

Тагови

Остани поврзан