• петок, 05 јули 2024

Санкционирани 146 возачи во Скопје, 15 за брзо возење

Санкционирани 146 возачи во Скопје, 15 за брзо возење

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Петнаесет санкции за брзо возење се изречени во текот на вчерашниот ден на територија на главниот град на државата, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Вкупно се изречени 146 мерки меѓу кои и четири за некористење на сигурносен појас, три за користење на мобилен телефон при возење и исто толку за минување на црвено светло. Санкционирани се и пет возачи кои возеле нерегистрирани возила. 

Изречени се и 43 санкции за прекршоци што ги направиле возачи на мотоцикли. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан