• вторник, 24 декември 2024

Средба на битолскиот градоначалник Тони Коњановски со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Средба на битолскиот градоначалник Тони Коњановски со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Битола, 23 септември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер, кој е гостин на градот, а по повод 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Од Општина Битола инфомираат дека амбасадорот Памер и градоначалникот Коњановски разговарале за повеќе теми, а посебен акцент бил ставен на зајакнување на културната соработка меѓу Битола и повеќе австриските градови.

-Австрискиот амбасадор Памер потенцираше дека Битола со својата културна понуда и фестивалска традиција има големи можности за културна промоција, а со тоа претставува и привлечно место за гостување на познати уметници од Австрија, посочија од Општина Битола.

Градоначалникот Коњановски, пак, информирал за поддршката од општината на сите настани и манифестации, кои значат голем придонес, во збогатувањето на културното живеење на градот. мт/мд/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан