• четврток, 19 декември 2024

Средба Минчев - Клековски, во фокусот идната соработка и развој

Средба Минчев - Клековски, во фокусот идната соработка и развој

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се сретна со директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски.

Како што информира Кабинетот на министерот за јавна администрација, на состанокот што се одржа во просториите на Министерството за јавна администрација, се дискутираше за понатамошната соработка меѓу двете институции и можностите за развој на здравствениот сектор.

- Министерот Минчев и директорот Клековски разменија идеи за оптимизација на процесите, како и за подобрување на ефективноста и транспарентноста во управувањето со здравствените ресурси. Обете страни се согласија дека интегрираната соработка е клучна за постигнување на целите во здравството и за унапредување на условите за граѓаните, се вели во соопштението.

Минчев и Клековски, како што се наведува, се согласија дека континуираниот дијалог и заедничкото работење ќе постигнат позитивен ефект на здравствениот систем и јавната администрација во целост. мд/са/

Фото: Министерство за јавна администрација 

 

 

Остани поврзан