• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Намалување на добитокот и живината минатата година во споредба со 2023 година

Намалување на добитокот и живината минатата година во споредба со 2023 година

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Статистичките податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година е намален бројот на добиток и живина во споредба со 2023 година. 

Податоците покажуваат дека вкупниот број на говеда во 2024 година е намален за 2,3 проценти во споредба со 2023 година, а намалување е забележано и кај свињите каде бројот е намален за 7,1 процент. Пад е забележан и кај бројот на овци за 11,9 проценти.

Единствено зголемување има кај козите каде е забележано зголемување од 14,5 проценти.  

Намалување се бележи и кај живината во споредба со 2023 година и тоа за 9,9 проценти. бак/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан