• петок, 28 јуни 2024

СП ја поздравува искрената намера на САД и на Ескобар да помогнат за зачленување во ЕУ

СП ја поздравува искрената намера на САД и на Ескобар да помогнат за зачленување во ЕУ

Скопје, 25 август 2023 

Социјалистичка Партија на Македонија проследувајќи ги средбите на Заменикот помошник на државениот секретар на САД укажува на спритивставеноста на ставовите за уставни измени кај неговите соговорници.

Истовремено како крајно штетна ја оценуваме изјавата на Ковачевски дека мора, по секоја цена да се прифати штетниот договор.

Со искажаниот став дека наводната дебата за Уставни измени ќе трае „онолку колку што треба“ тој ја потенцира нескриената намера на власта да ги искористи сите методи, надвор од Деловникот на Собранието, да врши притисок врз опозициските пратеници во намера да се обезбеди изгласување на уставните измени.

На Ковачевски му укажуваме дека листата на пријавени говорници е исцрпена, а со тоа и дебатата е завршена, но Деловникот е прекршен и погазен, за што се сноси одговорност и политичка и кривична.

Истовремено непримерено изјавувајќи ги овие ставови на заедничката конференција за медиумите не значи дека високиот гостин се согласува со тоа, односно очигледна е манипулацијата на Ковачевски и во оваа пригода, како и до сега.

Социјалистичката партија на Македонија ја поздравува искрената намера на САД и личните заложби на г-дин Ескобар да и помогнат на Република Македонија на нејзиниот пат кон зачленување во ЕУ. Како заеднички партнери убедени сме во демократското и логично размислување дека до таа цел може да се дојде само преку брзи предвремени парламентарни избори. САД е изразено демократска држава и оттаму без сомнение сме убедени во нивното разбирање на внатрешната состојба и расположението во јавноста, подеднакво во нивното поттикнување граѓаните да одлучуваат, а најдемократски граѓаните одлучуваат на избори.

Социјалистичката партија на Македонија и укажува на македонската јавност дека единственото решение од оваа политичка, економска и уставна криза се исклучиво предвремените парламентарни избори, на кои заедно со Македонскиот народ ќе извојуваме уште една победа и ќе ја сочуваме македонската сувереност. 

Социјалистичка партија на Македонија 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Остани поврзан