• петок, 22 ноември 2024

Спалети искрен по поразот: Бевме под секое ниво

Спалети искрен по поразот: Бевме под секое ниво

Гелзенкирхен, 21 јуни 2024 (МИА) - Лучано Спалети, селекторот на Италија, беше разочаран по мечот со Шпанија. Актуелниот европски првак го доживеа првиот пораз и сега треба да се бори со Хрватска во последното коло од групната фаза за да се пласира во следната фаза од натпреварувањето.

На „азурите“ им одговара и нерешено на овој меч, а тешко е да се очекува дека Албанија може да ја изненади Шпанија. Во секој случај, се освен пораз ги води Италијанците во осминафиналето на ЕП.

-Разликата ја направи свежината на Шпанците, тие беа многу побрзи од нас. Често доцневме со читањето на нивните постапки. Клучот на проблемот е секогаш ист, бевме под секое ниво во однос на правилните реакции. Не реагиравме на нивните постапки, изјави Спалети.

Потоа се осврна на продолжението од мечот, кој и покрај промените не им донесе ништо добро на Италијанците.

-Во второто полувреме успеавме да бидеме поенергични и поагресивни, создадовме ситуации кои можеа да не доведат до реми, но сепак беа пресилни за нас, како и за Хрватска, и заслужено беа први. Треба да размислиме како ќе бидеме во осминафиналето, а тоа ќе зависи од нашиот избор на игра, тактика, се: ако изборот не е добар, ако нема вистински решенија, тогаш работите се комплицираат, рече Спалети. дс

Фото: Архива

Остани поврзан