Сончево и топло, температури до 28 степени
- Периодот на сончево и топло време се очекува да продолжи и наредните денови, со појава на мала до умерена локална облачност.
![Сончево и топло, температури до 28 степени](https://new.mia.mk/images/20240408180133_big_730x400_37.webp )
Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Претежно сончево и топло ќе биде денеска со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 22 до 28 степени.
Во Скопје слично време со минимална температура до 6 и максимална до 28 степени.
Периодот на сончево и топло време се очекува да продолжи и наредните денови, со појава на мала до умерена локална облачност. Од четврток ќе дува умерен ветер од северен правец. бд/бак/
Фото: МИА архива