• петок, 09 август 2024

Сончево и топло, попладне на повеќе места пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сончево и топло, попладне на повеќе места пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 37 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови времето ќе биде сончево и топло, а во деновите од викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. хс/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан