• среда, 03 јули 2024

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 3 јули 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне повторно ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=9 Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени. До средината на наредната седмица ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе предизвика да има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Остани поврзан