• вторник, 02 јули 2024

Солскјер: Не би бил изненаден ако Роналдо сè уште игра и на 40 години

Солскјер: Не би бил изненаден ако Роналдо сè уште игра и на 40 години
Манчестер, 25 септември 2021 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го сподели своето мислење за играта на напаѓачот Кристијано Роналдо. - Не би бил изненаден ако Роналдо игра уште на 40 години. Начинот на кој се грижи за себе е неверојатен. Се разбира, ова е прашање за гените, но тој ги вложи сите капки енергија и напор да стане играч каков што е, го цитира Солскјер „Гол“. Триесет и шестгодишниот Португалец се приклучи на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Тој постигна четири гола на три натпревари за англискиот клуб, во тековната сезона. зс/

Остани поврзан