• петок, 05 декември 2025

Стартува групната фаза во ракометниот Куп, хуманитарен викенд во Битола за помош на Кочани

Стартува групната фаза во ракометниот Куп, хуманитарен викенд во Битола за помош на Кочани

 

Скопје, 26 април 2025 (МИА) – Со натпреварите во Групата 3 денеска почнува битката за пласман на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија.

Две од вкупно четирите полуфинални групи овој ќе се играат во Битола, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани, во кој загинаа 61 лице.

Во воведниот дуел во рамки на групата 3 денеска ќе играат Борец и Еурофарм Пелистер 2, по што ќе следи дуелот меѓу Вардар 1961 и Бутел.

Битола ќе биде домаќин и на Групата 2, во која за пласман на завршниот турнир утре ќе се борат Еурофарм Пелистер, Куманово, Радовиш и Струга.

В недела на програмата се пресметките во Групата 4 во која се домаќинот Охрид, Прилеп, Тиквеш и Аеродром, додека последниот патник на Ф4 ќе биде познат во вторник кога ќе биде комплетирана Групата 1 во која во Скопје ќе играат Алкалоид, Мулти Есенс, Партизан Гевгелија и Пролет. ег

ФОТО: РФМ

Остани поврзан