• сабота, 06 јули 2024

Солер стана првиот играч во 21 век кој постигнал три гола од пенал на еден натпревар во првенството

Солер стана првиот играч во 21 век кој постигнал три гола од пенал на еден натпревар во првенството
Валенсија, 9 ноември 2020 (МИА) – Валенсија оствари убедлив триумф со 4:1 на домашен терен синоќа над Реал Мадрид во натпреварот од 9. коло на фудбалскиот шампионат на Шпанија. Хет-трик постигна играчот од средниот ред Карлос Солер, кој во гол претвори три пенали. Дваесет и тригодишниот Шпанец стана првиот играч во 21-от век кој реализирал три пенали на еден натпревар во првенството. Валенсија во Ла Лига досега освои 11 бода и се наоѓа на деветтото место. Реал Мадрид има 16 бода и на четврта позиција. зс/

Остани поврзан