• среда, 20 ноември 2024

СОЗР: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, одговорно набавуваме и не повеќе од потребното

СОЗР: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, одговорно набавуваме и не повеќе од потребното
Скопје, 13 март 2022 ВМРО-ДПМНЕ со манипулации, неосновани конструкции и шпекулации, сака да ја доведе јавноста во заблуда. Неточни се наводите дека набавките се однесуваат само на Владата, истите се однесуваат на сите институции: Собрание, Влада и Претседател. Што се однесува до самите договори, станува збор за рамковни договори кои се однесуваат на потребите на сите овие институции. Потоа, преку тековните набавки кои се реализираат во рамки на тие рамковни договори се нарачуваат потребните количини. Исто така треба да се има предвид дека проценетите вредности на рамковните договори се исти со години наназад, иако малопродажните цени се далеку повисоки, што говори за определбата за домаќинско економско работење. Владата на Република Северна Македонија, во време на криза им наложи на сите институции да ги рационализираат ресурсите и потребите, и да се придржуваат кон насоката за максимално елиминирање на непродуктивните трошоци. Една од основните определби на Владата е за време на тековната криза сите ресори на извршната власт да се сообразат со условите и одговорно, заеднички и солидарно да учествуваат во напорите за надминување на влијанијата на кризата. Имајќи го тоа предвид, напоменуваме дека и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во своето работење се прилагодува на овие препораки и задолженија за штедење, и тоа се рефлектира во финално потрошените средства за потребите на институциите кои се далеку пониски од предвидените и планирани средства. Влада на Република Северна Македонија Сектор за односи со јавноста ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан