• петок, 20 декември 2024

Годишна изложба на фотографии на членовите на фото група Чкрап!-Тетово

Годишна изложба на фотографии на членовите на фото група Чкрап!-Тетово

Тетово, 19 ноември 2024 (МИА) – Фото групата „Чкрап!“ од Тетово вечерва ја отвори 21-та изложба на своите членови, која претставува годишна промоција на работата на фотографите.

Годинава, 17 фотографи со вкупно 44 фотографии во слободна тема и техника изложуваат свои дела во концертната сала на Музеј на тетовски крај (Дом АРМ).

- Ние одбравме тоа што го чувствуваме, тоа што го сакаме, на тоа што се надеваме. Едноставни ако не можете на другите полиња да се изразиме, тоа може да го направиме преку фотографијата. Некои ја користат фотографијата за автотерапија. Од 2003 постои групата, секоја година по најмалку една изложба и подаруваме на тетовската публика некаде во есен, кога имаме празници некогаш на 11 октомври или на 19 ноември. Годинава одбравме тоа да биде денес кога сме се ослободите од фашистички окупатор и домашните слуги, истакна на отворањето Драги Неделчевски.

Бидејќи изложбата се совпаѓа со 80 годишниот јубилеј на Денот на ослободување на градот, пет фотографи изработија по еден постер на кои имаат по различен број на фотографии од Тетово.

- Тие пет фотографи преку пет постери имаат претставено фотографии како тие ја доживуваат оваа слобода, рече Неделчевски.

За изложбата е изработен и каталог од страна на фотографката Евангелија Ивановска. Пред публиката беа претставени и двајцата нови членови на групата Ивица Антовски од Тетово и Иво Дамјановски од Гостивар. ас/дма/


фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан