Собранието донесе повеќе законски решенија по скратена постапка
- Во продолжението на 59. седница Собранието денеска ги донесе измените и дополнувањата на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија по скратена постапка. На седницата беа изгласани по скратена постапка и измените и дополнувањата на законите за научно-истражувачка дејност, за платежни услуги и платни системи и за воздухопловство, по скратена постапка.
Скопје, 10 јули 2025 (МИА) - Во продолжението на 59. седница Собранието денеска ги донесе измените и дополнувањата на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија по скратена постапка.
На седницата беа изгласани по скратена постапка и измените и дополнувањата на законите за научно-истражувачка дејност, за платежни услуги и платни системи и за воздухопловство, по скратена постапка.
Пратениците по скратена постапка ги донесоа и измените и дополнувањата на законите за возила и за здравствено осигурување.
Претходно Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител. Беше прифатен и предлогот за избор на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, а беа донесени и законите за вработените во јавниот сектор, административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници.
Прифатени и на натамошно второ читање беа дадени предлог-законите за изменување и дополнување на законите за туристичката дејност, за заштита на културното наследство и за библиотеките, како и измените на Законот за државните награди. Пратениците не го прифатија предлог законот за дополнување на Кривичниот законик.
Собранието ги усвои извештаите за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство, годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар, сите за во 2024 година. Ова беа последните точки за расправа со што беше исцрпен дневниот ред на 59. седница. сс/вг/
Фото: МИА Архива