Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека
- Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 06:30 часот е укината, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и Плетвар.
![Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека](https://new.mia.mk/images/20240305072459_big_730x400_40.webp )
Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 06:30 часот е укината, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потсетува на законскатра обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.са/
Фото: МИА архива