• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Слот: Њукасл заслужено го освои Лига Купот

Слот: Њукасл заслужено го освои Лига Купот

Лондон, 17 март 2025 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Арне Слот го призна поразот од Њукасл во финалето на англискиот Лига куп.

Њукасл вчеравечер на „Вембли“ во Лондон победи со 2:1 и го освои трофејот, прв на домашните турнири по пауза од седум децении.

- Натпреварот помина онака како што сакаше противникот. Ова беше играта каква што тие сакаа да биде. Тоа е комплимент за нив бидејќи не влеговме во нашиот ритам. Беа многу агресивни и одлично се бранеа. Њукасл заслужи да победи, изјави Слот по натпреварот.

До крајот на сезоната на Ливерпул му останува уште една шанса за освојување трофеј – во Премиер лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан