• петок, 22 ноември 2024

Си предлага четири принципи за решавање на ситуацијата во Украина

Си предлага четири принципи за решавање на ситуацијата во Украина

Пекинг, 16 април 2024 (МИА) – Претседателот на Кина, Си Џинпинг на денешната средба со германскиот канцелар Олаф Шолц предложи четири принципи со цел да се спречи прелевање на украинската криза и што побрзо да се воспостави мир.

- Прво приоритет треба да биде поддршка на мирот и стабилноста, воздржувајќи се од барање себични цели. Второ, треба да ја смириме ситуацијата и да не долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од понатамошна ескалација на тензиите. Четврто, треба да го намалиме негативното влијание врз светската економија и да се воздржиме од поткопување на стабилноста на глобалната индустрија и синџирите на снабдување, наведе Си.

Тој посочи дека за постигнување на целите потребно е сите страни заедно да работат на воспоставување на мирот што е можно побрзо. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан