• петок, 12 април 2024

Сити го совлада Јунајтед во „дербито на Манчестер“

Сити го совлада Јунајтед во „дербито на Манчестер“

 

Манчестер, 3 март 2024 (МИА) – Манчестер сити со пресврт го совлада Манчестер јунајтед 3-1 (0-1) во градското дерби попладнево во рамки на 27 коло во Премиер лигата.

Трите бодови со кои Сити го задржа чекорот со лидерот Ливерпул пред меѓусебната пресметка во следното коло на домашниот тим му ги донесе двојниот стрелец Фил Фоден.

Јунајтед поведе со голот на Маркус Рашфорд во 8 минута, пред Фоден да донесе резултатски пресврт во 56 и 80 минута.

Точка на победата на Сити стави најдобриот стрелец сезонава во Премиер лигата Ерлинг Халанд кој го постигна својот 18 премиерлигашки гол.

Манчестер сити е второпласиран на табелата со 62 бодови, еден помалку од лидерот Ливерпул пред големото дерби идната недела на „Енфилд Роуд“. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан