• недела, 14 декември 2025

Синнер трет пат по ред прогласен за омилен играч на навивачите

Синнер трет пат по ред прогласен за омилен играч на навивачите

Лондон, 13 декември 2025 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синнер, ја освои наградата за омилен играч на фановите трета година по ред, објави Зружението на тениски професионалци (АТП).

-Ви благодарам многу што гласавте за мене. Освојувањето на оваа награда повторно, значи многу, рече Синнер по добивањето на наградата.

Од 2003 до 2021 година, Швајцарецот Роџер Федерер ја освои наградата. Во 2022 година, Шпанецот Рафаел Надал ја освои наградата.

Во 2025 година, 24-годишниот Синнер освои шест титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи два Грен слем турнири: Вимблдон и Отвореното првенство на Австралија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан