Клебо не успеа да стигне до финалето на Светскиот куп во спринт за прв пат од јануари 2024 годин
- Норвешкиот скијач Јоханес Клебо не успеа да стигне до полуфиналето во спринт во слободен стил на третата фаза од Светскиот куп во Давос, Швајцарија.
Давос, 13 декември 2025 (МИА) - Норвешкиот скијач Јоханес Клебо не успеа да стигне до полуфиналето во спринт во слободен стил на третата фаза од Светскиот куп во Давос, Швајцарија.
Клебо заврши четврти во четвртфиналето.
Ова е прв пат нордискиот скијач да не успее да стигне до финалната фаза од јануари 2024 година. Тогаш, Клебо заврши трет во полуфиналето во Оберхоф.
Клебо не е елиминиран во четвртфиналето на спринт од март 2016 година. На минатата трка во Трондхајм, Норвежанецот ја оствари својата 18. последователна победа во спринт на Светскиот куп. зс/
Фото: ЕПА